Фудбалерот на Барселона Жерар Пике соработувал со Луис Рубиалес, претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација, за одигрување на Шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.
El Confidential објави аудио снимки кои јасно укажуваат на соработката меѓу двајцата. Планот бил Пике преку неговата агенција „Космос“ да влијае споменатото натпреварување да се игра во Ријад, за што би добил шест милиони евра.
Ајде да видиме Руби (Луис Рубиалес), кога се парите во прашање.Во Реал би оделе осум милиони евра. По ѓаволите, осум одат во Реал и исто толку во Барселона. Другите се платени два милиони и еден, тоа е 19, а ти на федерацијата и даваш шест милиони, ти остануваат и тебе шест, ја истиснуваме Саудиска Арабија, а можеби ни останувааат и уште повеќе.Ако не сакаат , ќе кажеме дека Реал Мадрид нема да додат , зборува Пике на една од снимките .
Да поминеше ова, Пике за четири години ќе добиеше вкупно 24 милиони евра, додека вкупната сума е 40 милиони евра на име на шпанската федерација.