Нашиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски вечерва одигра одличен натпревар во победата на неговиот тим Ал Ахли над Ал тае со 1:2.

При првиот гол Џани со одличен дриблинг се ослободи од противничкиот фудбалер и асистираше со топка која лесно ја претвори во гол напаѓачот Ал Сомах. Истиот играч го постигна и вториот гол.

Со оваа победа Ал Ахли се искачи на 8то место на табелата од Саудиската Премиер лига.