Челси не успеа да оствари победа над Нотингем Форест и покрај тоа што беше далеку подобар тим, па на крајот мораше да се задоволи со 1:1 .
Бедемот пред голот на Матс Селс успеа да издржи и „шумарите“ си заминаа со голем бод од „Стемфорд Бриџ“, а што е најважно за нив, на овој натпревар успеаја да се справат со Кол Палмер.
Англискиот репрезентативец игра во страшна форма од минатата сезона и режира потези кои никого не оставаат рамнодушен, па еден таков имаше и на мечот во неделата.
Палмер во стилот на Денис Бергкамп се ослободи од својот чувар и со магичниот допир самиот си создаде стопроцентна можност, но за жал, голманот Селс имаше две бравурозни интервенции.
Голот за Челси во ремито од 1:1 го постигна Мадуеке, а улогата на асистент ја имаше токму Палмер.