Англискиот тим Њукасл со оглед на богатиот сопственик за следната сезона ќе сака да гради супер тим. А истиот би започнал со нов првокласен голман. Пикиран е ни помалку ни повеќе туку Јан Облак, еден од најдобрите голмани во светот во моментов и членот на Атлетико Мадрид. Словенецот сеуште нема потпишано нова соработка со Мадриѓаните, па можно е да дојде до евентуален трансфер.
Доколку се случи тоа, на голот на Атлетико би застанал во моментов одличниот голман на Бенфика, Одисеас Влаходимос кој брани во извонредна форма во моментов, и заедно со неговиот тим е пласиран во самата завршница на Лигата на Шампионите.