Австриската фудбалска репрезентација убедливо ја победи хрватската репрезентација во првото коло од „А“ дивизијата на Лигата на нации со резултат 3:0 (1:0).
Ралф Рангник дебитираше во Осиек како селектор на Австрија и ја однесе една од најголемите победи на таа земја на страна во последните неколку години.
Марко Арнаутовиќ најави фантастичен натпревар на Австријците во 41. минута, кога мина двајца противнички играчи и ефектно го погоди аголот од голот.
Дефанзивците на Хрватска му оставија премногу простор и тоа многу добро го искористи напаѓачот во селекцијата на Австрија.
https://twitter.com/fastfootygoal/status/1532808692223164417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1532808692223164417%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D03nav_id%3D2166153
Се беше готово за три минути подоцна, поточно меѓу 54. и 57. минута кога Австрија постигна уште два гола.
Најпрво Мајкл Грегориш зголеми на 2:0, а три минути подоцна Марсел Сабицер ефективно погоди од голема далечина.
https://www.youtube.com/watch?v=NwhkWT3Denc
https://www.youtube.com/watch?v=2kPk8dJoZKk
Уште тогаш беше јасно дека бодовите ќе заминат кај гостите, а хрватскиот селектор Златко Далиќ само една минута подоцна, но предоцна направи тројна измена.
На теренот влезе Лука Модриќ. Никола Влашиќ и Анте Будимир, но до крајот на мечот не успеаја да сменат ништо.
На крајот публиката во Осиек со свирежи ги испрати актуелните светски вицешампиони.
Хрватска ќе има можност да се поправи во понеделник на „Пољуд“ во Сплит, каде Франција ќе гостува во репризата на финалето од Мундијалот во Русија.