Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одличен натпревар против Јувентус и постигна гол во убедливата победа на Наполи.
За Елмас ова беше втор гол по ред и во Неапол знаат дека од македонскиот „дијамант“ секогаш ќе го добијат максимумот .
Затоа сега од наполитанските тифози доби прекар – максимумот! (El Massimo). И плакати со Елмас и новиот прекар веќе се појавија на стадионот „Диего Марадона“ во Напол веќе на вчерашниот меч со Јувентус.