Тој потенцира дека направивме премногу грешки во напад и лесно го губевме тоа што со мака го создававме. Нашата цел останува иста- да се победат Холандија и Аргентина.
„Норвешка заслужи да победи, беа подобри од нас. Невозможна мисија е 60 минути да играме со нив како што игравме во првите 20 минути. Норвешка е меѓу четирите најдобри на светот според мене. Имавме многу технички грешки, дури 17, што значи 17 контри за нив. Бевме добри 20 минути, но имавме проблеми не само во одбраната туку и во нападот. Не успевавме да ја пробиеме таа нивна зона 6-0. Во второто полувреме се обидовме малку да ги изненадиме со 7 на 6, бевме подготвени за таа варијанта, но потоа за пет минути отиде сѐ. Секако дека боли што е 12 разлика. Можеше да биде и 10 и седум и шест, но тоа е што е. Овој пораз мора да ни биде една лекција за Холандија и за Аргентина. Имаме уште два натпревари и ќе се фокусираме на нашата цел, а тоа е победи над двете“, истакна Лазаров.
Со Холандија играме в недела од 18 часот, со Аргентина во вторник во истиот термин.