Ракометниот џин Барселона со нова победа над ПСЖ го завери пласманот на фајнл-фор во ЛШ. Барселона со 32-31 го победи ПСЖ и обезбеди место на ракометниот фајнл-фор турнир во Келн.
Каталонците работата си ја завршија во Париз каде го совладаа ПСЖ со 30-22. Вчерашниот меч за Барса беше само рутинско завршување на работата.
Барселона одигра одлично прво полувреме кое го доби со 17-12. Откако стана јасно дека ПСЖ нема сили за сензација, каталонскиот тим им дозволи на Французите да се изборат за пристоен пораз ое еден гол разлика.
Дика Мем со седум голови беше најефикасен во составот на Барселона, Пранди постигна 10 погодоци за ПСЖ.
Ова воедно беше последен натпревар во елитниот ранг за легендарниот француски репрезентативец , Никола Карабатиќ (два гола), кој заминува во пензија по завршувањето на сезоната.
Познати се сите патници на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите, покрај Барселона таму ќе бидат Кил, Алборг и Магдебург.