Голема борба се водеше во Германија, борба која беше решена со удари од 7 метри во кој херој беше домашниот голман Сергеј Ернандез Ферер.
Меѓутоа во финишот на мечот, завршните секунди имаше една дискутабилна одлука на судиите која сигурно уште долго ќе биде коментирана во Полска, особено од раководството на Кјелце.
Имено гостите со гол ќе обезбедеа пласман во наредната фаза, билет за фајналфор. Даниел Душебајев иако имаше сериозен контакт со противниците, успеа некако да ја спроведе топката до Каралек кој имаше чист зицер, но судиите од Шведска, Куртагиќ и Ветервик се одлучија да досудат прекршок, да ја вратат играта на девет метри, одлука по која Алекс Душебајев и Карачиќ паднаа на колена, додека тренерот Талант се држеше за глава.
Кјелце загуби од Магдебург по пенал-рулетот во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), иако полскиот тим имаше шанса да обезбеди место на Ф4-турнирот.
Од таборот на Кјелце не се среќни поради одлуката на судиите Куртагиќ и Ветервик при последната акција во која Каралек излезе „еден на еден“ со голманот на Магдебург.
Игор Карачиќ и Алекс Душебаев паднаа на колена по одлуката на судиите и ги молеа да ја променат истата.