Македонскиот првак Вардар вечерва од 18.45 во првото коло на елитната ракометна Лига на шампиони (ЛШ) ќе брка триумф против Елверум, а „црвено-црните“ на социјалните мрежи го објавија составот со кој ќе го нападне противникот.

Тренерот Веселин Вујовиќ денеска нема да може да смета на Борко Ристовски и на Анте Кудуз, кој се повреди, но во конкуренција за денешниот дуел се браќата Кевин и Оливие Њокас, кои неодамна го засилија поранешниот европски шампион од редовите на Металуг.

Instagram will load in the frontend.