Македонскиот првак Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) го пречекува Монпеље во рамките на 4. коло во Лигата на шампиони. Тренерот, Веселин Вујовиќ за првпат од стартот на новата сезона во европското клупско натпреварување на располагање го има целиот состав, последен кој се врати во стројот е Анте Кудуз.

Тој поради повреда беше надвор од терените, но денеска ќе му биде на расплагање на Вујовиќ. Се очекува да биде вистинско освежување на мечот против францускиот тим.

Вардар 1961 по 3. коло е непоразен, заедно со Пик Сегед имаат пет бода.