Елохим Пранди, ракометарот на ПСЖ и на француската репрезентација е избоден со нож на новогодишната ноќ во Париз. Поради тоа ќе го пропушти Европското првенство.
ПСЖ објави дека Пранди за време на новогодишната ноќ добил неколку убодни рани и дека е во болница под лекарски надзор, но и надвор од животна опасност.
Клубот ја изразува својата огорченост од овој напад и му дава целосна поддршка на Елохим Пранди и неговото семејство да го надминат ова“, соопштија од клубот на несреќната француска ракометна ѕвезда. Пранди поради повреди ги пропушти последните големи натпреварувања, а сега поради брутален напад го пропушта и Европското кое започнува за неколку дена.
Ова е нов тежок удар за Французите пред Европското првенство, откако осуммина заразени со корона ја пропуштија втората фаза од подготовките и по најавата дека повредените Лука Карабатиќ и Недим Ремили нема да настапат на ЕП.