Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски уште еднаш потврди дека е во одлична форма. Во првиот меч по паузата поради ЕХФ неделата, неговиот Хановер славеше против Штутгарт на Жарко Пешевски со убедливи 33-23, а популарниот Фитиљ експлодираше на теренот.
Кузмановски зад своето име запиша девет гола од 12 удари и дуелот го заврши како најдобар стрелец. На другата страна пак репрезентативниот пикер не се запиша во листата на стрелци, имаше само еден неуспешен удар.
Хановер се наоѓа на 14. позиција на табелата, Штутгарт кој со скор од пет победи, две реми средби и 17 порази го завзема 15. место.