Селекторот Лазаров и неговите ракометари целосно се насочени кон утрешниот дуел со Холандија (18 часот) во второто коло во групата Ф на СП во Краков.
Нашиот стратег има доверба во своите воини и арсеналот со кој располага. Но сепак му е жал, што мора без Јагуриноски, бидејќи тој требаше да биде еден од клучните игачи на ова СП.
„Малку ме загрижува повредата на Томислав Јагуриноски, тоа беше голем хендикеп, па и за вчерашниот натпревар кога се повреди додека бевме егал. Играч од таков калибар кој во последно време покажува многу квалитет, ќе ни недостасува. Сепак што е тука е, ни се приклучува Давид Саврески. Нов дебитант, со малку искуство, но голем потенцијал. Ќе пробаме, бидејќи се работи силен ритам во текот на 60-те минути и мислам дека секој играч ни е добредојден. Ќе пробаме да ја покриеме таа позиција и со друг играч, не само со Мартин Серафимов, затоа што мислам дека ќе биде тешко да се издржи во тој ритам 60. минути да се игра квалитетно. Мартин Серафимов ќе добие шанса, тој ја заслужува шансата, мислам дека ќе одговори квалитетно, сепак ќе ни недостасува Јагуриноски“, изјави Лазаров.
Дуелот меѓу Македонија и Холандија е закажан со почетокот во 18 часот.