Рајо Валјекано заслужено триумфира на денешното гостување кај Валјадолид (1-0), и ставија крај на едномесечниот пост без победа.

Ова беше шести меч сезонава на кој македонскиот репрезентативец, Димитриевски не прими гол, а трети во кој неговата екипа е победник. Стрелец на победничкиот гол беше Палазон во 65. минута, истиот во првото полувреме промаши пенал.

Рајо со овие три бода дојде до осмата позиција со 26 бода, само еден помалку од Атлетико Мадрид.