„Сините“ на Томас Тухел беа надмоќни против Малме и уште во првото полувреме создадоа 14 шанси кон нивниот гол, но мрежата остана да мирува затоа што домашниот тим одлично се бранеше.
На почетокот на вториот дел Хаким Зијех ја затресе мрежата на Малме по одличната асистенција на Калум Хадсон-Одои, по што до крајот на мечот имаше уште неколку шанси, но Малме издржа да не прими гол.
Македонскиот интернационалец Ердал Ракип одигра 86 минути и се закани еднаш посериозно кон голот на Челси, но не успеа да ја погоди рамката од голот.