Фудбалската репрезентација на Албанија го постигна најбрзиот гол на Европските првенства против актуелниот европски шампион, но Италија брзо се врати и по 17 минути направи комплетен пресврт.
Вистински „студен туш“ беше голот на Недим Бајрами по грешката на Ди Марко, меѓутоа Италија не дозволи тоа да ја дестабилизира. Веќе во 11. минута Алесандро Бастони го изедначи резултатот со удар со глава, додека Николо Барела шест минути подоцна со прекрасен волеј удар од шеснаесет метри погоди и за целосен пресврт.
https://twitter.com/i/status/1802056765149708580
https://twitter.com/i/status/1802058018466705745