Брзо, лесно и ефикасно, како да не е дерви на португалскиот фудбал, Порто ја декласираше Бенфика во осминафиналето од Купот. На избраниците на Сержо Консеисао им требаше само половина час против најлутиот ривал за да обезбеди пласман во следната рунда на својот Драгау – 3:0 (3:0).
Со оглед на историјата на меѓусебните судири и моменталната ситуација во Примера дивизион (четири бода разлика), очекувавме неизвесна борба до самиот крај, а всушност се беше готово пред да започне.
Головите паднаа во 1. минута, 7. минута и а печат на победата стави Еванилсон во 31. минута со својот втор гол на натпреварот.