„Зборовите на Меси се празни, би сакал да биде искрен“, додаде Полјакот.
Голема фама се крена насекаде низ планетата затоа што Златната топка за 2021 година ја доби Лионел Меси, а не Роберт Левандовски.
Беше густо во гласањете на новинарите, но на крајот Аргентинецот триумфираше во „фотофиниш“. И таа одлука тешко ја поднесил Левандовски.
Напаѓачот на Баерн не се крие зад фрази, не нуди шуплива приказна бидејќи не му е грижа. Напротив, во интервју за полските медиуми, тој призна дека бил скршен од тоа што не го добил заслуженото признание.
„Бев многу тажен што не победив, нема причина да го кријам тоа. Бев толку блиску, се натпреварував со Меси за трофејот. Тоа само покажува колку високо стигнав. Го ценам Меси, се што има постигнато во кариерата. Но, ме скрши тоа што не победив, мило ми е што таа недела не играв за Баерн“, изјави Левандовски.
Меси при примањето на Златната топка изјави дека полскиот фудбалер заслужил за 2020 година, но Левандовски не им придава никаква важност на тие зборови.
Неговите зборови би ми значеле доколку почувствувам дека се искрени, а вака се празни“, изјави Левандовски.