Лестер победи по големиот пресврт во 3. коло од групата Ц од Лигата на Европа во Москва. „Лисиците“ го совладаа Спартак со 4:3, иако до крајот на првото полувреме губеа со 2:0, а потоа на сцена стапи одличниот Патсон Дака кој постигна четири гола.

Московјаните поведоа во 11. минута кога Александар Соболев постигна гол, а во 44. минута Џордан Ларсон ја удвои предноста. Пред да се замине на одмор, Дака го намали заостатокот на неговиот тим.

И потоа во период од шест минути (48. – 54.) постигна уште два гола за пресврт, а во 79. минута погоди по асистенција на Џејмс Медисон и со тоа го заврши својот „покер“.

Дака стана петтиот играч во историјата на Лига Европа кој постигнал четири или повеќе голови на еден натпревар. Пред него тоа им припадна на Ариц Адуриз , Радамел Фалкао , Единсон Кавани  и Вилијан Хозе .

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=npv3mIUZuSA