Екипата на Тотенхем славеше во лондонското дерби откако на домашен терен го совлада тимот на Вест Хем со 4-1.

Интересно е што „чеканите“ го зададоа првиот удар на овој дуел бидејќи поведоа преку Кудус во 18. минута. Тотенхем се мачеше до 36. минута, кога Кулушевски го израмни резултатот, а во второто полувреме следуваше вистинска канонада по голот на гостинскиот тим. Во период од осум минути, три пати се тресеше мрежата на Вест Хем. Прво погоди Бисума, потоа Тодибо си постигна автогол, за на крајот Сон го постави конечниот резултат.

 

Ова е трета победа за Тотенхем на домашен терен и вкупно четврта во сезоната по што дојде до 13 бода на своето конто. Вест Хем остана на осум бода за 14. место на табелата.