Потенцијалниот македонски репрезентативец, Андреј Тодороски, кој пред неколку дена најави желба за настап за жолто-црвените веднаш по средување на документите, денеска беше во центарот на вниманието во северното соседство поради прекрасен гол од слободен удар.

Тодороски му донесе реми на Спартак Суботица на денешното гостување кај ОФК Београд (1-1) и тоа со гол во 95. минута. Тој шутираше откосо, а топката откако удри во земјата успеа да го измами голманот и да влезе во мрежата за еуфорија кај сите во неговиот тим.

 

Тодороски е роден во Прилеп, но уште како дете со семејството заминал во Австрија. Од 2013 до 2020 година играл во младинскиот погон на Рапид, потоа вториот тим на Виена, па преку ФАЦ и Виенер направи трансфер во Спартак Суботица. Играчот има настапи за младинските селекции, по еден за У17 и У21 тимот. Оваа сезона Тодороски има четири гола во српската Суперлига.