Челзи одигра одличен натпревар против Интер, но не успеа да го победи и одигра само нерешено 1-1 пред својата публика на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.
Интер играше само во првото полувреме, додека во вториот дел беше невидлив и може да биде среќен што не беше поразен во Лондон по генералката против „сините“ пред стартот на сезоната.
Во 26. минута гостите од Италија дојдоа до предност, откако во листата на стрелците се запиша французинот Маркус Турам. Мареска во вториот дел направи измени, ги внесе Палмер, Џексон, Нкунку, Каиседо… па по серија шанси пред голот на „нераѕурите“, дури во 90. минута израмни Угочукву.
Сезоната во елитниот европски фудбал стартува следниот викенд.