Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев доби триесетина минути на денешниот натпревар на Парма во Серија Б. „Млекарите“ славеа победа на гости против Виченца со 0-1, а Пандев се врати во тимот откако ја надмина повредата на мукулот.
Парма во моментот се наоѓа на 12. позиција на табелата, но се надева дека со добри игри ќе успее да стигне до место во плеј-офот за враќање во Серија А. Токму затоа и го ангажираше Горан Пандев како големо засилување во зимскиот преоден рок.