Виљареал извојува минимална победа над Мајорка (1-2) на Балеарските Острови во натпревар од петтото коло во Примера.
Избраниците на тренерот Марселино на тој начин ја задржаа непобедливоста оваа сезона, и со овој триумф се искачија на второто место на табелата – зад Барселона, која има натпревар помалку и сите четири победи.
Решавачкиот гол на натпреварот го постигна поранешниот крилен напаѓач на Њукасл и Лестер, Ајозе Перез во четвртата минута од судиското надополнување. Претходно, одбраната на Мајорка „пукна“ во 27. минута, кога Коста погоди за 0-1. Единствениот гол за домашната екипа беше дело на Албиол, кој во 57. минута си постигна автогол, несакајќи ја затресе сопствената мрежа.
Мајорка остана со играч помалку во вториот дел, кога по еден остар старт беше исклучен Лато.
За разлика од Виљареал, кој има одличен старт на сезоната, Мајорка го забележа вториот пораз и со само пет бода е на десеттата позиција на табелата во Примера.