ПСЖ со 3-1 го совлада Сент Етијен во рамки на 26.коло во Лига 1.

„Зелените“ изненадувачки поведоа со 0-1 во 16.минута со голот на Денис Буанга. Килијам Мбапе израмни во 42.минута по фантастичната асистенција на Лионел Меси. Французинот на стартот на второто полувреме во 47.минута направи пресврт за 2-1, а точка на победата стави Данило во 52.минута.