Бејл по девет години си заминува од Реал Мадрид, а имаше шпекулации дека ќе оди во пензија, но искусниот фудбалер не размислува на такво нешто.

„Бев дел од историјата на Реал Мадрид и тоа беше неверојатно искуство. Што се однесува до пласманот на Мундијалот можам да кажам дека си го остваривме сонот“, вели Бејл.

Новинарите го прашаа што ќе прави во иднина, а Бејл кажа дека сè уште не знае за која екипа ќе игра.

„Ќе морам малку да ја одложам пензијата. Имам многу понуди. Фокусиран сум на фудбалот и не морам да се грижам за ништо друго“, објасни репрезентативецот на Велс.