Бразил славеше со 1-0 против Јапонија на пријателскиот меч, а единствениот гол на мечот беше дело на фудбалерот на ПСЖ, Нејмар.
Нејмар во 77. минута од пенал го матираше голманот на Јапонија, откако претходно неговите сонародници не искористија голем број шанси.
Бразил следниот меч го игра против Аргентина на крајот на септември.