Реал Мадрид со сензационален пресврт го совлада Манчестер Сити со 3:1 и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите губеа со 1:0 до 90. минута од натпреварот.

Во тоа време покрај стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се случуваа неверојатни сцени. Навивачите на Реал кои го напуштија стадионот пред крајот на регуларниот дел славеа како луди и се обидоа да се вратат на стадионот.