Фудбалерите на Борац Бања Лука са елиминирани од квалификациите за Лигата на шампионите, откако вторпат загубија од грчки ПАОК, овојпат со 0-1. По првиот пораз во Грција од 3-2, босанскиот тим немаше шанса за пласман понатаму.
Одново „единица“ на Борац беше македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски, меѓутоа тој и соиграчите претрпеа втор пораз. Стрелец на единствениот гол беше Мург во 25. минута од натпреварпт.
Српскиот вицешампион Партизан претрпе уште еден пораз, овојпат дома од 0-3 против Динамо Киев и со вкупен резултат 2-9 беше елиминиран од квалификациите. Украинскиот клуб во Белград беше убедлив, иако веќе имаше високо водство од првиот натпревар.
Резултатот го отвори Јармоленко во 17. минута, а откако Партизан немаше сили да израмни, следеше казна. Ванат реализира пенал во вториот дел за 0-2, додека конечниот резултат го постави Караваев во третата дополнителна минута.