Трансфер пазарот за екипата на Барселона и во овој период оди тешко, каталонскиот тим уште не успеа да ги донесе посакуваните напаѓачи Нико Вилијамс и Дани Олмо, а не може ни да се ослободи од играчите од кои сака.
Информациите од Шпанија велат дека клубот сака да ги продаде Рафиња и Френки де Јонг, но двајцата одбиваат да заминат.
Имаат високи плати и среќни се во Барселона, никој не им го нуди тоа што го имаат таму, па тие немаат интерес за трансфер.
Барселона во нив гледа фудбалери со чија продажба би заработиле доволно пари за да ги остварат трансфер целите кога се во прашање нови засилувања.
Во меѓувреме и втората понуда на Барселона за Олмо беше одбиена.