Јувентус повторно покажа несигурност во играта во одбрана, но ја победи Сампдорија со резултат 3:2, врзувајќи две победи во серија во домашното првенство.
Токму Дибала го одбележа почетокот на овој натпревар, откако со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го доведе Јуве во водство. Кон средината на првото полувреме тој мораше да биде заменет со Кулушевски, а Јувентус пред крајот на полувремето постигна и втор гол, со пеналот на Бонучи. Тоа сепак не беше резултатот со кој се замина на одмор бидејќи гостите во 44. минута намалија на 2-1 преку Јошида.
Мала неизвесност донесе Антонио Кандрева, кој вторпат ја затресе домашната мрежа во финишот. Големиот фаворит издржа во последните минути и успеа да ја израдува домашната публика.