Фиорентина на гостински терен со 4-1 ја победи екипата на Сиваспор и со вкупни 5-1 обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во Конференциската лига.
Домаќините почнаа одлично, во 35. минута дојдоа во водство со гол на Јеслијурт, во тие моменти резултатот беше израмнет. Но таков беше само девет минути кога Кабрал изедначи на 1-1. Во продолжение на натпреварот доминираа фудбалерите на Фиорентина.
Во 62. минута Миленковиќ погоди за комплетен пресврт и водство на Фиорентина од 2-1. Гоуташ во 78. минута си постигна автогол, а конечните 4-1 за виолетовите ги постави Кастровили пред самиот крај на мечот.
Место во четвртиналето обезбеди и Лех кој со 3-0 победи на гостински терен кај Ѓургарден. Вкупниот резултат е 5-0.