На Вест Хем му беше потребен триумф за излез од дното и успеа тоа да го направи само со еден гол. Фактот дека има и натпревар помалку од ривалите сега уште повеќе им влева самодоверба на „чеканите“ во трката за опстанок, која до крајот на сезоната ќе биде пеколна, зашто од Кристал Палас на 12-та позиција до последниот Саутемптон е само седум бода на десет кола до крајот на сезоната, а дел од екипите имаат и меч или два повеќе за играње.
Саутемптон со загубеното дерби на дното направи нов чекор наназад, но не ги загуби шансите, но ваквите порази против директните конкуренти се најава дека овој премиерлигаш веројатно е главен фаворит за преселба во Чемпионшип.