Саутемптон поведе против Ливерпул со 1-0 во еден од клучните натпревари кои одлучуваат за шампионската титула во Премиерлигата.
Нејтан Редмонд го постигна голот за „светците“ во 13.минута и тоа на спектакуларен начин, но сепак гостите сериозно протестираа, бидејќи не беше досуден прекршок за Ливерпул во зачетокот од акцијата на домашните. Проценете сами дали немаше прекршок врз Диого Жота по што Саутемптон изведе контра и поведе со 1-0. Судијата Мартин Еткинсон сметаше дека нема елементи за прекршок.