Шампионот на Франција, ПСЖ победи со 7-1 на гостувањето во Лил и по само три кола веќе стигна до бројката од 17 гола оваа сезона.
Домаќинот не знаеше од каде да се брани бидејќи пеколното трио Меси-Нејмар-Мбапе беше исклучително расположено за игра. Французинот постигна хет-трик, Бразилецот додаде два со три асистенции, а Аргентинецот еден гол и една асистенција. Последниот (трет на мечот) погодок беше дело на Хакими.
За одбележување е однесухвањето на трите ѕвезди на ПСЖ кои извонредно соработуваа и по минатонеделните критики, покажаа неверојатно единство, заедничкиј прославувајќи ги головите.