Дербито во второто коло од Серија А, меѓу Аталанта и Милан заврши без победник, 1-1, но со два прекрасни погодока и на едната и на другата страна.

Руслан Малиновски го отвори резултатот со шут од точно 16 метри, право кон голот на Мењон, во 29. минута. Одговорот од Милан стигна дури откако тренерот Стефано Пјоли направи четири замени, во вториот дел. Бенасер направи еден феноменален пробив од десно, а пласираниот шут беше уште поубав.

Со овој освоен бод, Милан и Аталанта застанаа на четири, два помалку од Наполи и од Интер, кои се максимални по двете стартни кола. Во денешната програма од Серија А, имаше само еден победник, Наполи, со 4-0 против Монца, додека Болоња и Верона одиграа 1-1, а Емполи и Фиорентина 0-0.