Фудбалската репрезентација на Екваторијална Гвинеја се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако го совлада Мали со 6:5 по подоброто изведување пенали.
Иако Мали доминираше и имаше повеќе шанси, изостанаа вистинските.
За разлика од мечот Египет – Брегот на Слоновата Коска кој се играше претходно, овој беше барем една класа со понизок квалитет. Екваторијална Гвинеја немаше сериозен обид да го загрози голот на ривалот, но одлично се бранеше.
Најголемите возбудувања пред головите беа кога екипите бараа пенали, но ВАР во два наврати сигнализираше дека се е чисто.
Мали имаше две добри прилики и обиди, и двете преку Камара, но недоволно прецизни за промена на резултатот.
По 90 минути немаше голови, ниту по неубедливите продолженија, па и овде решаваа пеналире.
Во четвртфиналето Екваторијална Гвинеја ќе се сретне со Сенегал во недела од 20.00 часот.