Данскиот репрезентативец и напаѓач на Барселона, Мартин Брајтвајт (30) изрази незадоволство од рејтингот на популарната видео игра ФИФА 22.
ЕА Спортс официјално ќе го објави новото издание на ФИФА во петок, но рејтингот на фудбалерите и силата на клубовите се веќе познати. Сепак, не сите фудбалери се задоволни од нивниот рејтинг.
„Имам прашање за ЕА Спортс. Дали моите оценки се условени од мојата моментална состојба по операцијата? Трчам 80 со патерици “, напиша данскиот репрезентативец со соодветно емоџи.
Брајтвејт, кој успеа да постигне два гола на три настапи за Барселона оваа сезона, го повреди коленото и ќе отсуствува од терените барем до крајот на календарската година по операцијата.