Манчестер Јунајтед загуби три од последните четири дуели, а веќе се појавуваатмислења дека ефектот на Роналдо е избледен. Сепак, тоа е малку прерано, тој не даде гол на својата омилена жртва Астон Вила и како да се покажа дека Ѓаволите“ не можат да победат без него.
Сепак, тој повеќе ги иритираше соиграчите со неговите правила што ги донесе во клубот.
Имено, тој им диктираше мени на шефовите во кантината во Керингтон. Нема повеќе јаглехидрати во менито, нема ни сокови а на слатки да не помислуваат .
Едно од омилените јадења на Роналдо е Бакалау, салата направена од треска и јајца, која на повеќето соиграчи не им се допаѓа.
Тие негодубваат мислејќи дека Роналдо е фудбалер, а не нутриционист.
“Тој сака октопод, но остатокот од тимот не. Тој зависи од протеините и авокадото и готвачите мора да му излезат во пресрет. Роналдо побара од неговите соиграчи да се откажат од пудинг во петок, што тимот традиционално го јаде после оброк”. откри неименуван извор од соблекувалната.