Актуелниот англиски вицешампион Арсенал со победа на гостувањето кај Брентфорд од 1-0 се искачи на првата позиција во Премиерлигата.
„Топчиите“ од Лондон имаат 30 бода, еден повеќе од Манчестер Сити и два повеќе од Ливерпул.
🚨 Havertz’s goal for Arsenal! 🇩🇪 https://t.co/tBklpnXRbh
— Eduardo Hagn (@EduardoHagn) November 25, 2023
Брентфорд, како и многупати претходно, се покажа како цврст и незгоден ривал, а Арсенал првпат ја затресе нивната мрежа во 42. минута преку Тросар, но голот беше поништен поради офсајд.
Долго се мачеше тимот на Микел Артета да пронајде начин да го разбие бункерот на Брентфорд, а тоа му успеа на Германецот Хаверц дури во 89.минута.
Букајо Сака одлично нафрли на вториот дирек, а Каи Хаверц со удар со глава ја затресе мрежата.