Барселона нема друг избор освен да победи против Баерн Минхен в среда на „Алијанц арена“ во одлучувачкиот меч за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а тоа ќе мора да го стори без помошта на одличниот напаѓач Ансу Фати.

Докторскиот тим на каталонскиот гигант потврди дека младиот офанзивец нема да биде подготвен за дуелот во Минхен.

Барселона мора да победи, ако не сака да зависи од исходот на Бенфика. Каталонскиот тим има два бода предност на табелата, но му гостува на Баерн во Минхен, додека португалскиот тим во последното коло од групната фаза дома ќе го пречека Динамо Киев.

Standings provided by SofaScore LiveScore