Стефан Ристовски и Аријан Адеми вчера доживеаја тежок пораз од вечниот ривал Хајдук. Ристовски многу тешко го прифати поразот (0-2) на и по завршувањето на натпреварот тргнал да се пресметува физички со еден гостински фудбалер, пишуваат хрватските медиуми.
Нашиот фудбалски интернационалец кој ги брани боите на Хајдук, Јани Атанасов го спречил да не направи поголема глупост во тие моменти.
За да се расчисти мешаницата дотрчал и капитенот на Динамо Аријан Адеми, и го одвратиле Ристовски од намерата самиот да дели правда.