Баер Леверкузен победи (0-1) на гости против Унион Берлин и сега има 16 бода предност на врвот на табелата. Фармацевтите на Чаби Алонсо славеа со минимални 0-1, а стрелец на победоносниот гол беше Флоријан Вирц, кој прецизно реализираше пенал во последните секунди од првото полувреме. Унион остана и со играч помалку, а потоа Леверкузен со рутинска игра го приведе мечот кон крајот и забрзано чекори кон првата титула во историјата.

 

На останатите натпревари во денешниот термин, РБ Лајпциг убедливо славеше со 1-4 на гостувањето кај Фрајбург, Мајнц забележа важна победа во трката за опстанок и го победи Дармштадт со огромни 4-0, додека Бохум водеше со 0-1 на гости кај Келн, но домаќините успеаја да дојдат до голем пресврт во последните две минути и славеа со конечни 2-1