Со гол на Џанлука Манчини, Рома со 1-0 го совлада Лацио во градската пресметка за Рим, тимот на Де Роси освои важни три бода во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Рома по две години славеше во дуел против Лацио, а Де Роси ја продолжи одличната форма по доаѓањето на клупата на волчицата.

Клучниот момент се случи во 42. минута кога по центаршут на Дибала, Манчини постигна гол со глава за водство на Рома од 1-0 што беше и конечен резултат на натпреварот.

 

Рома сѐ уште ги чува шансите за пласман во Лигата на шампионите. На четвртата позиција е Болоња, а „волчицата“ има два бода заостанување и еден одигран натпревар повеќе од главниот конкурент.