Прескапиот тим на Челзи ги разочара навивачите уште еднаш и ремизира со Кристал Палас (1-1) на „Стемфорд Бриџ“. Овој резулат е изненадување затоа што „сините“ имаа 14 победи во низа против овој ривал, но денес како фаворити не успеаја.
Лондончани пред својата публика имаа иницијатива и шанси, но киксираа кога не се очекуваше такво нешто. Челзи беше во предност во поголемиот дел од средбата благодарение на голот на Нико Џексон во 25. минута, а Кристал Палас дојде до бод со супер-голот на Езе во второто полувреме, во 54. минута.
На овој натпревар се повреди и Мало Густо дефанзивецот на Челзи, кој беше заменет во 74. минута. Пред навивачите на „Стемфорд Бриџ“ свое претставување, но како гостин, имаше новото засилување Џејдон Санчо.