Екипата на Раднички од Крагуевац го победи Јединство Уб со 4-0 во 12. коло од српското фудбалско првенство, а свој придонес во победата имаше и македонскиот интернационалец Лука Станковски.
Станковски го постигна третиот гол за својот тим, во 33. минута со што ја круниса одличната игра имајќи предвид дека претходно имаше неколку добри акции. Ова е негов трет гол сезонава и трет по ред откако беше стрелец и во претходните две кола, против Чукарички и ТСЦ.
Раднички е едно од најпријатните изненадувања во српското првенство оваа сезона, се наоѓа на четвртото место на табелата со 20 бода. Но има три меча повеќе од Партизан со кого ја дели позицијата, два од Раднички Ниш кој е седми и еден од Чукарички кој е шести.