Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид славеше против Атлетик Билбао со 2-0 во 18. коло од Ла Лига и останаа на три бода зад лидерот Барселона и продолжија во битка за одбрана на титулата.

Најдобриот играч на кралевите Карим Бензема го постигна првиот гол на натпреварот во 24. минута од средбата, додека победата ја круниса Тони Крос во финишот на регуларните 90 минути.

 

„Кралевите“ имаат 41 бод на втората позиција, односно три помалку од Барселона, но и три повеќе од Реал Сосиедад.