Столе Димитриевски, голманот на македонската репрезентација бранеше фантастично, но сепак не успеа да ја зачува својота мрежа на дуелот на Македонија против Украина (0-2) во клучниот натпревар за место на ЕП 2024.
Голманот на шпанскиот Рајо Ваљекано забележа пет феноменални интервенции за најавни шпици и дефинитивно беше најдобриот во нашиот национален тим. Во првиот и во вториот дел Димитриевски беше кошмар за украинските фудбалери.
Двата гола кои ги прими Македонија не беа по вина на Столе Димитриевски – првиот гол падна несреќно откако топката се удри од Серафимов и го измами нашиот голман а вториот беше пред самиот крај кога целиот тим отиде на се или ништо и тргна во напад.
Украина сега ќе бие битка со Италија за ЕП 2024, а Македонија во последните две кола ќе игра со фаворитите Италија (на гости) и со Англија дома.