Во натпревар од шпанската Ла Лига, домашниот состав на Елче со 3:0 успеа да ја победи Мајорка, и тоа апсолутно заслужено. Имено во текот на целиот меч екипата на Елче беше подобар тим, постигна три гола и на крајот освои големи три бода.

Стрелци на головите за победничкиот тим беа Мојица во 42.минута, потоа во 58. Бигас зголеми на 2:0, за да во финишот гостите преку Ли Канг – Ин си постигнаа автогол за конечни 3:0 за Елче.